ЕПИ – дел од мрежата на Европската комисија за недискриминација и родова еднаквост

Фев 01, 2019

epiadmin

Новости

0

Од јануари 2019 година, во партнерство со Универзитот во УтрехтMigration Policy Group и Human European Consultancy, Институтот за европска политика, преку истражувачката координаторка Билјана Котевска, учествува во работата на мрежата на Европската комисија “Европска мрежа на правни експерти за родова еднаквост и недискриминација”.

Оваа мрежа работи на следење на усогласеноста на домашното законодавство за недискриминација и родова еднаквост со Европското acquis во сите земји членки на ЕУ, ЕФТА земјите и во земјите-кандидатки. Дел од задачите на мрежата е и да ја советува Европската комисија за прашања што спаѓаат во нејзиниот опег на работа. Котевска е членка на мрежата од 2011 година.

Во декември 2018 година овој конзорциум беше повторно избран од Европската комисија за да ја води оваа мрежа во наредните три години.

Post by epiadmin

Comments are closed.