Извештај од следењето на РЈА во Македонија – 2017/2018

Реформата на јавната администрација е утврдена како една од темелните реформски области на патот на секоја земја кон членство во ЕУ. Како комплексна и сеопфатна реформа, РЈА се следи и оценува преку Начелата на СИГМА за јавната aдминистрација, развиени од ОЕЦД/СИГМА и усвоени од ЕУ. Овие принципи ја опишуваат добрата администрација преку нејзината способност да испорача услуги на транспарентен, ефикасен и ефективен начин, притоа поддржувајќи го социо-економскиот развој. Имајќи го предвид силниот надворешен притисок за РЈА реформи со видливи резултати, домашниот притисок за подобра администрација е од исклучително значење за да се креираат барање за реформи во моментот кога надворешната условеност ќе се намали поради заокружување на пристапниот процес. Чинителите од граѓанското општество, со локално знаење за функционирањето на администрацијата, може да бидат носители на ваквите акции за застапување насочени кон подобра администрација. Независен мониторинг за следење на РЈА и дијалог со владите базиран на докази е добар пристап за да се реализира оваа цел.

Comments are closed.