Клучен предизвик за исполнување на реформската агенда се истрајноста и одлучноста

Клучен предизвик за државата ќе биде истрајноста и одлучноста – независно од промените во власта, да продолжи процесот на реформите. Реформската агенда е добар пример за тоа, но останува имплементацијата на истата. Ова беше една од клучните пораки од денешната панел дискусија „Зајакната соработка во процесот на ЕУ интеграција преку Реформската агенда“.

 

Настанот го отвори министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, кој кажа дека денес го потпишал договорот за инструментот,  истакна дека реформските агенди имаат цел да направат инклузивни и праведни општества и да изградат доверба на граѓаните во институциите.

 

„Реформите значат градење на култура на отчетност и одговорност. Планот за раст односно неговите четири столба се политички и практични. Ниту еден план не може да успее без вистинска соработка“ истакна Муртезани.

Директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска потенцираше дека реформскиот процес мора да се отвори и да вклучи други актери во однос на донесување и имплементирање на реформите.

 

„Фактот што на секои шест месеци комисијата ќе оценува колку сме исполниле, ќе биде промена во целиот процес од она што го гледавме до сега. Овој инструмент е многу подобар зошто ни покажува која држава не ги испорачува реформите, односното реформите ќе бидат мерени преку индикатори“ истакна Кацарска.

 

Професорката Силвана Мојсовска на настанот потенцираше дека како држава ќе мора да покажеме дека имаме капацитет за имплементирање на проекти, кои ќе одат со силни механизми за реализација, со цел тоа да биде исчекор на нашиот пат кон ЕУ.

 

„Основната цел на планот е приближување на секоја држава кон ЕУ. Преку инвестициите ќе предизвикаат кон зголемена економска инвестициска интеграција. Делот на инвестиции ќе мора да ги поврземе со државите од регионот со цел развој на Западен Балкан“ рече Мојсовска.

Андреј Петрески од Американската стопанска комора во Северна Македонија порача дека средствата кои доаѓаат со Планот за раст и Реформската агенда ќе бидат мотиватор за институциите и државата да ги спроведат реформите.

 

„Агендата некои ја гледаат само како листа на обврски како да се дојде до средствата, но таа ги содржи упатствата за подобра иднина. Приоритети на агендата се тесно усогласени. Успехот на државата ќе зависи од соработката на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор“ истакна Петрески.

 

Националниот настан во Скопје е дел од серија на национални настани во шестте држави од Западен Балкан кои се реализираат во рамки на проектот „Патеки кон ЕУ интергација: Унапредување на дијалогот за Планот за раст на Западен Балкан“ финансиран од Фондациите Отворено Општество – Западен Балкан. Целта на овој настан беше да се дискутира потенцијалот за соработка во процесот на следење на имплементацијата на Реформската агенда, а преку неа и приближувањетo кон ЕУ интеграција.

Comments are closed.