Граѓанските организации, институциите и експертите ги дискутираа клучните наоди и препораки од осмиот Извештај во сенка за Поглавје 23

Клучните наоди и препораки од осмиот по ред Извештај во сенка за Поглавје 23 кој Институтот за европска политика го изработува, вчера беа дискутирани со претставници од институциите, граѓанските организации и експерти.

Овој извештај во сенка го опфаќа периодот од октомври 2022 година до септември 2023 и ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – правосудство и темелни права. Во извештајот се прикажани податоци што се релевантни и пред октомври 2022 година година, доколку тие биле потребни за контекстуализација или за појаснување на новините од тековниот извештаен период, а кои се релевантни за извештајниот период. Овој извештај ја следи структурата на Поглавјето 23, согласно извештајот на Европската комисија.

Клучните наоди од извештајот ги презентираа истражувачките и авторки Ангела Делевска и Беба Жагар, додека за препораките претедателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска, претседателката на Врховиот суд Беса Адеми и претседателот на Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација, Игор Јадровски.

Целта на дијалогот за политиките со претставниците од институциите, граѓанските организации и експерти од областа беше да се поттикне отворена дебата за имплементацијата на реформите во Поглавјето 23 во Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека квалитетни и одржливи решенија во Поглавјето 23, претставуваат клуч за интеграцијата во евроатлантските структури, коментарите и дискусијата од настанот ќе бидат интегрален дел од финалната верзија на „Извештајот во сенка за Поглавјето 23 за периодот октомври 2022 – септември 2023 година“, кој понатаму ќе биде презентиран и споделен со клучните национални и меѓународни засегнати страни.

Настанот беше организиран во рамките на проектот „Градиме мостови за заедничка иднина: Владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ“, кој е финансиран од Европската Унија и има цел да помогне во креирањето на одржливи реформи за владеење на правото во насока на пристапувањето во Европската Унија.

Comments are closed.