Клучните наоди од Националниот извештај за мониторинг на РЈА презентирани на шестиот состанок на Националната работна група за РЈА
Клучните наоди од вториот Национален извештај за мониторинг на РЈА 2019/2020 денес беа презентирани пред Националната работна група за реформа на јавната администрација во Северна Македонија.
Истражувачите на ЕПИ, Јулијана Караи и Ангел Мојсовски пред претставниците на организациите во НРГ презентираа дел од резултатите од извештајот. Целосниот извештај ќе биде објавен деновиве.
На шестиот состанок на Националната работна група за РЈА државната секретарка во Министерството за информатичко општество и администрација, Елена Живкова Манчева, ја презентираше и моменталната состојба и идните чекори во РЈА.