Регионална конференција: „Темел на човековите права: Ефективни национални институции за човекови права на западниот Балкан“
Во 2019 и 2020 година, работевме со Civil Rights Defenders и експертки од западниот Балкан на развој и пилотирање на мерна алатка – индекс – за ефективноста на националните институции за човекови права. Индексот беше применет на сите шеснаесет национални институции за човекови права (НИЧП) од шесте земји во регионот, оценувајќи ја ситуацијата врз основа на податоци од 2018 година.
По завршувањето на првите мерења, ќе ни биде чест да ги споделиме и дискутираме резултатите со вас, со цел да дојдеме до заклучоци за подобрување на улогата и позицијата на НИЧП во регионот. Затоа ја организираме регионалната конференција „Темел на човековите права: Ефективни национални институции за Западниот Балкан“. Настанот ќе се одржи онлајн, на 31 март 2021 година, од 11 до 14 часот. Мешаните панели на експертки и експерти, како и претставнички и претставници од најдобро рангираните национални институции за човекови права од секоја земја да споделат значајни лекции и практики за тоа како да се подобри ефективноста на НИЧП на национално ниво и како да се подобрат регионалните напори со цел да се зголеми ефективноста на НИЧП, со што би се зацврстила основата за човековите права.
Агендата за настанот е достапна на линкот подолу. Работни јазици на конференцијата се албански, босански/црногорски/српски, англиски и македонски и ќе биде достапен превод. Настанот нема да биде сниман или пренесуван во живо. За да учествувате на конференцијата, регистрирајте се до 29 март 2021 година на следниот линк: https://form.jotform.com/210744508893361
Доколку имате прашања во врска со настанот или истражувањето и публикациите, може да ги контактирате:
д-р Билјана Котевска, истражувачка координаторка, Институт за европска политика – Скопје
+389 70 445 199 | [email protected]
Дамјан Здравев, Програмски офицер Одделение за Европа, Civil Rights Defenders
+381 69 1981 151 | [email protected]