Извештај за 2015 Косово – Пристап на „морковот“

Овој документ дава анализа на главните точки од Извештајот на Европската комисија за Косово за 2015 година. Се обидува да ги идентификува клучните предизвици акцентирани од ЕК и очекувањата на Комисијата од косовските власти. Погледнете ја публикацијата тука.

Црна Гора: Рамката е тука, недостига сликата

Црна Гора ги започна преговорите за пристапување во ЕУ во 2012 година и беа отворени 20 поглавја, а две беа условно затворени. Во согласност со новиот пристап на ЕУ, најтешките поглавја, поврзани со владеењето на правото, беа отворени на почетокот на процесот и ќе бидат строго набљудувани до крајот на преговорите. Погледнете ја публикацијата тука.

Албанија: Стабилен прогрес – Предизвици со кои се соочуваме

Европската комисија ѝ даде кандидатски статус на Албанија во јуни 2014 година, а Извештајот од 2015 е вториот во оваа фаза од интеграцијата во ЕУ. Овој извештај не дава „зелено светло“ за отпочнување на преговори за пристапување на земјата. Европската комисија адресира пет клучни приоритети: 1-воспоставување на професионална и деполитизирана администраицја; 2-подобрување на непристрасноста на [...]

Преглед за западен Балкан

Ова е прв структуриран обид да се направи анализа на Извештаите за напредокот на земјите од Западен Балкан, базиран на хармонизирана методологија и уникатен пристап од страна на група граѓански организации. Во изминативе години недостигаше сеопфатна објективна анализа на извештаите на ЕУ за земјите од Западен Балкан. Погледнете ја публикацијата тука.

Разводнување на фокусот – „прогледување низ прсти” или демократизација преку Политичкиот договор од јуни/јули

Систематскиот мониторинг на Мрежа 23 околу спроведувањето на Договорот од Пржино доведе до заклучок дека Договорот се спроведува бавно и селективно, со значителни задоцнувања, во многу поларизирана политичка клима. Начелата и целите на Договорот се занемарени, а фокусот е ставен на брза подготовка на предвремените парламентарни избори за датумот одреден во Договорот. Исто така, итните [...]