Црна Гора: Рамката е тука, недостига сликата

Црна Гора ги започна преговорите за пристапување во ЕУ во 2012 година и беа отворени 20 поглавја, а две беа условно затворени. Во согласност со новиот пристап на ЕУ, најтешките поглавја, поврзани со владеењето на правото, беа отворени на почетокот на процесот и ќе бидат строго набљудувани до крајот на преговорите. Погледнете ја публикацијата тука.

Албанија: Стабилен прогрес – Предизвици со кои се соочуваме

Европската комисија ѝ даде кандидатски статус на Албанија во јуни 2014 година, а Извештајот од 2015 е вториот во оваа фаза од интеграцијата во ЕУ. Овој извештај не дава „зелено светло“ за отпочнување на преговори за пристапување на земјата. Европската комисија адресира пет клучни приоритети: 1-воспоставување на професионална и деполитизирана администраицја; 2-подобрување на непристрасноста на [...]

Преглед за западен Балкан

Ова е прв структуриран обид да се направи анализа на Извештаите за напредокот на земјите од Западен Балкан, базиран на хармонизирана методологија и уникатен пристап од страна на група граѓански организации. Во изминативе години недостигаше сеопфатна објективна анализа на извештаите на ЕУ за земјите од Западен Балкан. Погледнете ја публикацијата тука.

Замрзната препорака – Анализа на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2015 година

Анализа на Институтот за европска политика - Скопје на  Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2015 година. Погледнете ја анализата тука

Партнерство за користење на фондовите на ЕУ

Овој документ го анализира имплементирањето на принципот на партнерство, потенцирајќи ја соработката помеѓу владата и невладините актери и инклузивноста и учеството на релевантните засегнати страни. Погледнете го документот тука.

Прирачник за парламентарен надзор врз политиките за конкурентност, државна помош и за привлекување на странски директни инвестиции во земјите од Западен Балкан

Целта на овој прирачник е да им помогне на избреаните пратеници и на собраниските служби да го разберат концептот на конкурентска политика и државна помош, обврските кои произлегуваат од Договорот за стабилизација и асоцијација и да ја олесни нивната вклученост во квалитетот на надзорот на Собранието на овие теми. Прирачникот погледнете го тука.