Skip to content
Црна Гора ги започна преговорите за пристапување во ЕУ во 2012 година и беа отворени 20 поглавја, а две беа условно затворени. Во согласност со новиот пристап на ЕУ, најтешките поглавја, поврзани со владеењето на правото, беа отворени на почетокот на процесот и ќе бидат строго набљудувани до крајот на преговорите. Погледнете ја публикацијата тука.
Европската комисија ѝ даде кандидатски статус на Албанија во јуни 2014 година, а Извештајот од 2015 е вториот во оваа фаза од интеграцијата во ЕУ. Овој извештај не дава „зелено светло“ за отпочнување на преговори за пристапување на земјата. Европската комисија адресира пет клучни приоритети: 1-воспоставување на професионална и деполитизирана администраицја; 2-подобрување на непристрасноста на [...]
Инфографик со сподеби на извештаите на Европската комисија за напредокот на земјите од Западниот Балкан. Погледнете го инфографикот тука.
Ова е прв структуриран обид да се направи анализа на Извештаите за напредокот на земјите од Западен Балкан, базиран на хармонизирана методологија и уникатен пристап од страна на група граѓански организации. Во изминативе години недостигаше сеопфатна објективна анализа на извештаите на ЕУ за земјите од Западен Балкан. Погледнете ја публикацијата тука.
Анализа на Институтот за европска политика - Скопје на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2015 година. Погледнете ја анализата тука
Коментар на Институтот за европска политика - Скопје на заклучоците на Советот за општи и надворешни работи на ЕУ од 16 декември 2014 година. Публикацијата може да ја погледнете тука.
Анализа на Институтот за европска политика - Скопје на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2014 година. DOWNLOAD PDF
Овој документ го анализира имплементирањето на принципот на партнерство, потенцирајќи ја соработката помеѓу владата и невладините актери и инклузивноста и учеството на релевантните засегнати страни. Погледнете го документот тука.
Целта на овој прирачник е да им помогне на избреаните пратеници и на собраниските служби да го разберат концептот на конкурентска политика и државна помош, обврските кои произлегуваат од Договорот за стабилизација и асоцијација и да ја олесни нивната вклученост во квалитетот на надзорот на Собранието на овие теми. Прирачникот погледнете го тука.
Инфографик со податоците за искористеност на средствата од ИПА фондовите во Република Македонија.