Skip to content
Овој краток преглед ги сумира клучните настани во однос на владеењето на правото во поглед на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ во периодот октомври-декември 2022 година. Тој содржи следење на основите начела за пристапување во ЕУ, вклучително и на клучните настани во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: Судство [...]
Принципот на владеење на правото е еден од суштинските вредности што ги сочинуваат темелите на Европската Унија. Тој подразбира дека јавните институции дејствуваат во границите утврдени со законот, во согласност со вредностите на демократијата и на темелните права. Земјите-кандидатки мораат да го почитуваат овој принцип и соодветно да го приспособат функционирањето на нивните институции. Меѓутоа, [...]
Периодот планиран за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (Стратегијата) започна во 2017 година, а завршува во 2022 година. Блупринт-групата редовно го следеше спроведувањето на Стратегијата во изминатите години и годинава, а и активно подготвуваше анализи, извештаи и други документи со кои ѝ ги презентираше наодите од мониторингот на јавноста и ги приближи [...]
Во овој документ за политиките накратко се обработени клучните настани во областа на владеењето на правото во контекст на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ, што се случиле во периодот од јануари до март 2022 година. Документот опфаќа мониторинг на темелните прашања за пристапот во ЕУ (fundamentals), како и клучни документи во функционирањето на [...]
Analysis of the Report of the European Commission for the Republic of North Macedonia from October 19, 2021 The publication of the Enlargement Package this year took place in the circumstances of continued focus on the COVID-19 crisis, highly pronounced geopolitical and geostrategic factors, evolving energy crisis, as well as re-emerging migration issues. Rifts over [...]
Презентацијата на пакетот за проширување во Комисијата за надворешна политика од страна на комесарот Вархеји беше видливо во сенка на блокираниот пристапен процес на Северна Македонија и Албанија и неможноста државите членки да ја донесат одлуката за почетокот на преговорите со двете држави. Во овие услови, Комисијата безбедно останува на веќе познатите главни наоди и [...]
Процесот на европеизација и стремежот кон исполнување на европските стандарди веќе подолг период јавува голем интерес помеѓу граѓан(к)ите во однос на индивидуалните цели на Република Северна Македонија. Дополнително, 2020 година, беше обележана од КОВИД-19 кризата, при што на површина ги исфрли главните потешкотии на организација на власта, нејзиното функционирање и начин на справување во кризни [...]
Граѓанските консултации со млади луѓе се вид граѓански консултации чија цел е да се разберат перцепциите на младите луѓе во врска со општествените проблеми и нивните гледишта за можните решенија за овие проблеми. Во овој извештај ги презентираме заклучоците од консултациите со млади луѓе од Северна Македонија за тоа кои се нивните позитивни или негативни [...]
Анализата на квалитетот на судските одлуки од областа на прекршочната постапка изработена од страна на д-р Маријана Лончар Велкова, опфаќа 60 анонимизирани одлуки од четири апелациски подрачја донесени во периодот од 2017 до 2020 година, каде една од страните во постапката претставува физичко лице. Секоја од одлуките се анализираше одделно, само врз основа на квалитативни [...]
Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудството 2017-2022 (Стратегијата) содржи показатели (индикатори) што треба да го утврдат степенот до кој мерките од Стратегијата се спроведуваат успешно. Сепак, овие показатели се претежно ориентирани кон мониторинг на продуктите од предвидените активности и посветуваат малку внимание на исходите (outcomes) и влијанието (impact) од Стратегијата. Освен [...]