Во овој документ за политиките накратко се обработени клучните настани во областа на владеењето на правото во контекст на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ, што се случиле во периодот од јануари до март 2022 година. Документот опфаќа мониторинг на темелните прашања за пристапот во ЕУ (fundamentals), како и клучни документи во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: правосудство и темелни права. Документот се заснова на редовен мониторинг на клучните институции, истражување документи со достапни информации, како и барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.