Беба Жагар работи како истражувач во Институтот за европска политика, во програмата за демократија и владеење на правото.
Во 2018 година, Беба дипломираше на правните студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а две години подоцна магистрираше на насоката меѓународно право и односи и право на ЕУ на истиот факултет. Истовремено, во јули 2020 година, Беба магистрираше на напредната програма за меѓународно и европско право при Универзитетот во Гент (Белгија).
Беба има практично искуство во невладини организации, државни институции, адвокатско друштво и друштво за консултантски услуги.