Без скршнување,… но и без забрзување
Новиот извештај на Европската комисија за Северна Македонија покажува дека земјата останува умерено подготвена, со мали подобрувања во три поглавја, но и напредок само во три поглавја, додека се забележуваат мали поместувања и стагнација во останатите.
Се истакнува дека Северна Македонија останува насочена кон ЕУ, но дека недостигаат реформи, како и предизвици во судството и борбата против корупцијата.
- Правосудство и владеење на право: Иако се забележува одреден напредок, поради донесено законодавство, потребни се реални промени за поголема транспарентност, отчетност и независност на судството.
- Борба против корупција: Земјата стагнира во борбата против корупцијата и потребен е нов Кривичен законик кој ќе биде усогласен со европските стандарди со цел поефикасна борба со корупцијата.
- Реформа на јавната администрација: Политичката поларизација и бавните реформи на јавната администрација се пречка за ефикасно владеење. Се препорачува засилување на транспарентноста, намалување на политичкото влијание и засилување на отчетноста.