Дијалог за јавните политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017–2022 година“
Овој краток документ за јавна политика, се темели на ставовите изнесени на конференцијата од проектот ,,Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните’’, кој го спроведува Институтот за европска политика и Асоцијацијата ЗЕНИТ, а е финансиран од Европската Унија преку Секторот за централно финансирање и склучување договори и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија. Проектот има за цел да придонесе за враќање на довербата на граѓаните во македонскиот правосуден сектор,преку значително вклучување на граѓанското општество во суштински реформи. Крајни корисници на овој проект се институциите во областа на правосудството.
Конференцијата се состоеше од две сесии во кои учествуваа околу 60 претставници од министерството за правда, Судскиот совет, Советот на јавни обвинители, судии, јавни обвинители, експерти во областа, претставници од граѓанскиот сектор и од дипломатските претставништва во Република Северна Македонија.