Ветинг процес во судството на Република Северна Македонија

Блупринт групата за реформи во правосудството изработи документ за јавни политики на тема ветинг процес во судството на Република Северна Македонија.

Ветингот како процес на проверка во вршење на функцијата претставува систем на институционализирани проверки на вршителите на јавните функции со цел проценка на соодветноста на нивната работна позиција, поведение и интегритет vis a vis функцијата која ја извршуваат или треба да ја извршуваат.

Самиот поим „ветинг“ значи внимателно проверување или испитување на појава, предмет или лице за да се утврди неговата прифатливост и подобност. Во принцип, ветингот како проверка треба да ја процени индивидуалната одговорност, интегритетот на поединецот и инволвираноста во претходни злоупотреби, односно да ја процени подобноста и соодветноста за вршење јавна служба, наместо санкционирање за минати дејствија при вршењето на јавната функција. Целта на овој механизам е да овозможи индивидуален и институционален интегритет и кредибилитет, но и да ги елиминира потенцијалните можности и фактори од разни облици на незаконито дејствување при вршењето на јавната функција.

Comments are closed.