Документ за јавна политика – Правдата во Македонија низ призмата на Стратегијата на ЈИЕ2020
Во овој документ се сумирани наодите од шестмесечниот проект на следење на спроведувањето на Стратегијата ЈИЕ 2020 „Следење на владеењето во областа на правдата (JuDGMeNT)“ во периодот јули – декември 2016 година во Република Македонија. Проектот иницираше структурно следење на спроведувањето на овој аспект на Стратегијата, преку вклученост на граѓанските организации и унапредена јавна дебата со релевантните чинители.