Во овој документ се сумирани наодите од шестмесечниот проект на следење на спроведувањето на Стратегијата ЈИЕ 2020 „Следење на владеењето во областа на правдата (JuDGMeNT)“ во периодот јули – декември 2016 година во Република Македонија. Проектот иницираше структурно следење на спроведувањето на овој аспект на Стратегијата, преку вклученост на граѓанските организации и унапредена јавна дебата со релевантните чинители.