Слушнете го последниот поткаст на ЕПИ во кој со професорот од правниот факултет „Јустинијан Први“, Денис Прешова зборуваме за улогата на Уставниот суд во заштитата на човековите права.
Професорот зборува за положбата на Уставниот суд во поредокот во земјата, неговите слабости и можности за реформи, особено во насока на опфаќање на поголем број на заштити на човековите права и слободи.
Поткастот е снимен во рамки на проектот „Заедничка акција за човекови права“ кој го спроведува ЕПИ, а е финансиран од Европската Унија. Целта на проектот е унапредување на промоцијата и заштитата на човековите права во Северна Македонија преку поддршка на парламентарниот ангажман и граѓанските организации кои работат во оваа област.