Skip to content
Овој документ го анализира имплементирањето на принципот на партнерство, потенцирајќи ја соработката помеѓу владата и невладините актери и инклузивноста и учеството на релевантните засегнати страни. Погледнете го документот тука.
Целта на овој прирачник е да им помогне на избреаните пратеници и на собраниските служби да го разберат концептот на конкурентска политика и државна помош, обврските кои произлегуваат од Договорот за стабилизација и асоцијација и да ја олесни нивната вклученост во квалитетот на надзорот на Собранието на овие теми. Прирачникот погледнете го тука.
Инфографик со податоците за искористеност на средствата од ИПА фондовите во Република Македонија.
Иако во јавноста главниот фокус се дава на успешноста на користењето на средствата, т.е. колкав е процентот на искористеност во однос на расположливите средства, ова истражување ќе отиде и малку подлабоко во анализата за да го насочи вниманието кај други аспекти на користење на помошта на ИПА, како што се видот на крајни корисници, вид [...]
Со цел да се унапреди парламентарната вклученост во следење на користењето на средствата од фондовитe на ЕУ, Институтот за европска политика започна со реализација на повеќегодишна програма „Следење на ИПА“, во чии рамки преку издржани истражувања, базирани на факти, има цел да ја поттикне јавната дебата и да даде конкретни препораки кои ќе придонесат за [...]
Анализа на Институтот за европска политика - Скопје на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2013 година. Погледнете ја анализата тука.
Проектот „Поддршка за унапредување на имплементацијата на медијацијата во Македонија“, беше спроведен во периодот декември 2012 година - јули 2013 година. Негова општа цел беше да се придонесе за унапредување на спроведувањето на медијацијата во граѓански и во стопански спорови во Република Македонија. Негова конкретна цел беше да се помогне на Министерството за правда да [...]
Цел на оваа анализа е да се утврдат расположивите потенцијали – знаења и вештини за ЕУ во Република Македонија, нивната искористеност, како и потребите за натамошно развивање и користење на експертиза за ЕУ. Целна група опфатена со анализата беа експерти, кои по 2000 година ги имаат оформено свите постдипломски, специјалистички или доктпрски студии надвор од [...]
Извршно резиме на Збирката на документи за јавна политика - ЕПИНЕТ.
Збирката на документи за јавна политика е подготвено во рамки на проектот “Вградување на знаењето за ЕУ” поддржан од Британската амбасада во Република Македонија.