Потпишани грантовите договори со три организации за зајакнување на граѓанската вклученост во РЈА
ЕПИ потпиша договори за грант со три граѓански организации кои ќе работат проекти за вклученост на граѓанските организации во реформата на јавна администрација на локално ниво.
„Организацијата на потрошувачи на Македонија“ ќе спроведува 10-месечен проект во кој ќе работат на дигитализација и модернизација на јавните комунални услуги во Охрид. „Центарот за социјални иновации Блинк 42-21“ ќе работат на 10-месечен проект за искористувањето на технологијата за подобрување на јавните услуги преку дигиталната платформа мЗаедница. Организацијата „Про локал“ ќе работи на 14-месечен проект за дигитална општина поблиска до граѓаните, со проект во Битола.
Тематски и преку специфични активности, проектите поддржани преку грантовата шема ќе бидат силно интегрирани во структурата на Проектот WeBER 3.0 и директно ќе придонесат кон остварување на целопкупните цели на проектот.
За избраните грантисти од сите земји од Западен Балкан беше организирана тридневна обука во Белград која опфаќаше два дена посветени на методологијата за размислување за дизајн (design thinking) и еден ден посветен на процедурите за финансиско управување и добрите практики во областа на управување со проекти.
Грантовата шема е дел од проектот „Овозможување на реформа на јавната администрација во Западен Балкан – WeBER 3.0“ спроведуван од мрежата на граѓански организации „Мисли за Европа“ (Think for Europe), финансиран од Европската Унија, претставена од Европската комисија и кофинасиран од Австриска развојна агенција.