Работилница за Универзалниот Периодичен Преглед: Зајакнување на капацитетите на собранискиот персонал

Институтот за европска политика (ЕПИ), во соработка со Организацијата на Обединетите Нации, успешно ја организираше работилницата „Градење капацитети за собранискиот персонал за Универзалниот периодичен преглед (УПП)“,  на 21-22 март 2024 година, во хотел Радика, Маврово. Целта на работилницата беше да се зајакнат капацитетите на собранискиот персонал и да се зголеми нивната способност за ефективен придонес кон промоцијата и заштитата на човековите права во рамките на парламентарните одговорности.

Работилницата обезбеди платформа за учесниците да го продлабочат своето разбирање за процесот на УПП, истакнувајќи го неговото значење како механизам за проценка на досиејата за човекови права на земјите-членки на ООН. Настанот ги нагласи критичните улоги на законодавните, извршните и судските тела во промовирањето на човековите права и потребата од поширока вклученост на Собранието на Република Северна Македонија во овој процес.

Сесиите на работилницата, водени од искусни експерти и практичари, обезбедија детален увид во основните принципи на УПП, како и во практични чекори за зајакнување на ангажманот на парламентот во овој процес. Учесниците активно учествуваа во дискусии и групни активности, поттикнувајќи колективно учење и решавање на проблеми.

Дискусиите и работните сесии резултираа со неколку клучни препораки за подобрување на ангажманот на Собранието во УПП, вклучително и развој на задолжителни програми за едукација и обука, формализирање на механизми за споделување информации и поттикнување на проактивен ангажман во процесите на УПП.

Институтот за европска политика (ЕПИ) се заблагодарува на сите учесници и партнери за нивната посветеност и придонес кон успешното спроведување на работилницата и се надева на продолжување на соработката во напорите за подобрување на ангажманот и капацитетите на Собранието на Република Северна Македонија во процесите на Универзалниот периодичен преглед.

Работилницата беше организирана во рамките на проектот „Заедничка акција за човекови права“, спроведува од Институтот за европска политика, а финансиран од Европската Унија.

Comments are closed.