[Отворен повик] Грантова шема: Вклучување на граѓаните во реформата на јавната администрација (РЈА) на локално ниво

Проектот „Овозможување на реформа на јавната администрација во Западен Балкан – WeBER 3.0“ е три и пол годишен регионален проект вреден 1.444.451 EUR, финансиран од страна на Европската унија, претставена од Европската комисија и кофинасиран од Австриска развојна агенција. Периодот на имплементација на проектот е од февруари 2023 до јули 2026 година.

Вкупна сума од 280,000 евра е доделена за грантовата шема со цел да поддржи 20 грантови, секој во вредност од 14.000 евра од кои 4 во Србија, 4 во БиХ, 3 во Албанија, 3 во Северна Македонија, 3 во Косово и 3 во Црна Гора. Траењето на доделените грантови е најмногу до 15 месеци.

Целокупната цел на грантовата шема е во согласност со Целта 3 од Проектот: Зајакната вклученост на мали и други локални ГО за РЈА на локално ниво, како и граѓански ангажман во РЈА.

Тематски и преку специфични активности, проектите поддржани преку грантовата шема ќе бидат силно интегрирани во структурата на Проектот WeBER 3.0 и директно ќе придонесат кон остварување на целопкупните цели на проектот.

Апликантите треба да ги поднесат своите предлози и барани документи на следната е-маил адреса: [email protected] и Cc: [email protected].

Насловот на е-маилот треба да гласи: “CfP #WeBER-G-03: (country) Application” (e.g. “CfP #WeBER-G-03: North Macedonia_Application”).

Рокот за поднесување на апликациите е 28 декември 2023 година.

Прашањата за појаснување може да бидат пратени по е-меил најдоцна до 14 ноември 2023 година на e-меил адресата: [email protected] и Cc: [email protected]. Насловот на е-меилот мора да гласи: “CfP #WeBER-G-03: (country) Прашања за појаснување”.

Појаснувања за прашањата добиени по овој датум нема да бидат дадени. Нема да бидат дадени поединечни одговори на добиените прашања. Појаснувањата на сите прашања ќе бидат објавени во рамките на еден документ на www.par-monitor.org најдоцна до 17 ноември 2023 година.

Веќе се одржа онлајн инфо сесија на која беше претставен повикот и беа одговорени дел од прашњата на заинтересираните организции.

Comments are closed.