Се слушаме ли преку екранот? Младите за безбеден Интернет-простор
Граѓанските консултации со млади луѓе се вид граѓански консултации чија цел е да се разберат перцепциите на младите луѓе во врска со општествените проблеми и нивните гледишта за можните решенија за овие проблеми.
Во овој извештај ги презентираме заклучоците од консултациите со млади луѓе од Северна Македонија за тоа кои се нивните позитивни или негативни искуства на Интернет и нивните мислења за тоа кои дејства треба да се преземат во однос на политиките и коишто засегнати страни треба да ги спроведат овие дејства за да се подобри искуството на корисниците.
Следејќи иста методологијата, која ја изготви Центарот за европска политика (CEP) Брисел, слични настани беа организирани во сите земји од Западен Балкан.
Оваа активности е дел од проектот „Направи иднина: ЕУ и Западен Балкан од младинска перспектива“, имплементиран од група тинк-тенк организации во рамките на мрежата „Мисли за Европа“ (TEN), Центар за европска политика (CEP) Брисел, Институт за меѓународни работи (IFI) Рим и Фондацијата Бронислав Геремек – Варшава. Проектот е финансиран во рамките на програмата „Европа за граѓаните“.