ЕПИ објавува повик за ангажирање експерт/ка за подготовка на методологија за оцена на квалитетот и воедначеноста на судските одлуки
Институтот за европска политика објавува повик за ангажирање на експерт/ка за подготовка на методологија за оцена на квалитетот и воедначеноста на судските одлуки во рамки на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“. Повеќе за проектот може да прочитате тука
Избраниот кандидат ќе треба да подготви методологија која ќе вклучува параметри за оцена на квалитетот и воедначеноста на судските одлуки во три правни области – граѓанско, кривично и прекршочно право. Методологијата ќе служи како алатка за изработка на истражувања за подобрување на квалитетот на пресудата, така што судската постапка и одлука со сите свои елементи, да одговори уште подобро на очекувањата на граѓаните за фер судење и пристап до правда.
На следните линкови може да ги најдете потребните документи и анекси за повикот.
Заинтересираните понудувачи треба да ја достават својата пријава на електронската адреса [email protected], не подоцна од 12:00 на 1 септември 2020, со наслов (subject): Пријава за експерт за подготовка на Методологија за оцена на квалитетот и воедначеноста на судските одлуки.
Во прилог на понудата, понудувачите задолжително треба да достават:
- Детално резиме (биографија), на македонски или англиски јазик, со преглед на релевантното искуство;
- Организација и методологија за развивање на Методологијата за оцена на квалитетот и воедначеноста на судските одлуки, во формат прикажан во Анекс 2;
- Финансиска понуда во форматот прикажан во Анекс 3.
- Пополнета и потпишана изјава од понудувачот (Анекс 4).
Доколку Ви се потребни дополнителни информации за овој повик можете да нè контактирате на [email protected] или на [email protected]