Институтот за европска политика (ЕПИ) денес потпиша Меморандум за соработка со Министерството за европски прашања (МЕП), со што се официјализира заложбата на ЕПИ и МЕП за успешно реализирање на проектот „Следење на реформи и раст во ЗБ“ (WB Reform and Growth Monitor).
Проектот кој е финансиран од Европската Унија, има цел да овозможи граѓанските организации од регионот активно да придонесат во дизајнирањето и веродостојното спроведување на реформите поврзани со четирите столба на Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан.
МЕП и ЕПИ ќе соработуваат на следењето и анализирање на спроведувањето на Реформската агенда 2024-2027, како би се обезбедило засилено учество во реформските процеси, поттикнување на транспарентноста и зголемување на влијанието на граѓанските организации во креирањето на политики.
Проектот „Следење на реформи и раст во ЗБ“ го спроведува мрежата на организации „Мисли за Европа“ (Think for Europe), а го води ЕПИ. Проектот е финансиран од Европската унија.