Мрежа 23: Збирка резимеа на студии на грантистите
Основната цел на проектот „Мрежа 23“, што го реализираа Институтот за европска политика – Скопје, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Центарот за управување со промени, е структуиран придонес на граѓанското општество во следењето и во оценувањето на политиките опфатени со Поглавјето 23 – правосудство и темелни права.
Преку проектот, на транспарентен начин, беа доделени десет грантови на други граѓански организации, што спроведоа истражувања и други активности како придонес кон ефективно следење и оценување на политиките опфатени со Поглавјето 23 од пристапувањето во ЕУ. Како краен продукт од таквите истражувања, беа изработени документи за јавна политика, со препораки за надминување на утврдените проблеми. Нивните наоди се вградени во анализатана областите од Поглавјето 23 „Правосудството и темелните права во Република Македонија“, како прв извештај „во сенка“ на македонските граѓански
организации за состојбите во областите покриени со ова поглавје. Во прилог се резимеата од документите за јавна политика.
Погледнете ја публикацијата тука.