Ромите во безвизниот режим – Документ за јавна политика [АНГ]
Уште од воведувањето на визната либерализација во декември 2009 година, граѓаните на Република Македонија имаа можност да патуваат без визи во земјите-членки на ЕУ, освен во Велика Британија и Ирска, користејќи ги само своите биометриски пасоши. Земјата ја доби визната либерализација по исполнувањето на обврските од ЕУ. Овие обврски беа поврзани со зајакнување на владеењето на правото, борбарта против корупцијата и организираниот криминал, граѓанските права, вклучувајќи ги и заштитата на малцинстава, илегалната имиграција и зајакнување на административните капацитети на границите.
По визната либерализација голем број на граѓани од Западниот Балкан започнаа да бараат азил во земјите членки на ЕУ. Република Македонија и Србија беа првите земји што го забележаа феноменот документирајќи 17.715 Срби и 7.550 Македонци кои бараа азил во ЕУ до крајот на 2010 година. Поради напливот на баратели на азил, на почетокот на 2011 година Европската комисија создаде механизам за мониторирање на визната либерализација за земјите од Западен Балкан. Механизмот ги покрива областите на фундаментални права, организиран криминал, безбедност и администрација на границите.