Кратка информација за применети политики „Што стои на крстопатот? Интерсекциските нееднаквости во социјалната заштита во Република Македонија“
Оваа кратка информација за применети политики ги резимира наодите од истражувачкиот проект „(Не) еднаквостите во социјалната заштита: Повеќеслојна анализа на интерсекционалноста при обезбедувањето на социјална заштита – компаративна студија“. Истражувачкиот проект беше спроведен во периодот август 2014 – јули 2015 од Институтот за европска политика – Скопје, Македонија и Центарот за општествени истражувања – Аналитика, Босна и Херцеговина.