Уметноста на преживувањето – Интерсекциски нееднаквости во социјалната заштита во Македонија
Овој труд известува за наодите од делот од истражувањето спроведено во Македонија. Тој е структуриран на следниот начин: прво – известуваме за методологијата и за методите што се употребени со цел да се спроведе истражувањето и за тоа како разбираме дел од термините што ги користиме често во нашата студија. Потоа, се фокусираме на наодите на индивидуално, симболичко и на структурно ниво, проследено со испитување на интерсекциите меѓу овие две, односно меѓу категориите и нивоата. Наодите од интерсекциската анализа на постојните закони и политики во полето на социјалната заштита се прикажани во последниот дел. Сите наоди се резимирани во делот Заклучоци. Овој дел се затвора со препораки дадени од нашите испитаници.