Економски придобивки и предизвици од членството во НАТО

Овој труд дава одговор на три клучни прашања за потенцијалните економски ефекти од членството на Македонија во НАТО:

1) Кои се буџетските импликации за Македонија, доколку стане членка на НАТО?

2) Дали може да се очекува зголемување на бруто домашниот производ, нето влезните странски директни инвестиции и глобалниот индекс на конкурентност, а намалување на стапките на невработеност како позитивни промени во македонската економијата како директна последица на членството во НАТО?

3) Дали земјите во НАТО имаат повисоки нивоа на добро владеење и дали доброто владеење придонесува за позитивни промени во економија?

Фокусирајќи се на овие три прашања во истражувањето, т.е. дали може да се тврди дека влезот во НАТО е или не е причина за промените во анализираните економски индикатори и индикаторите за добро владеење, оваа анализа не нуди поединечно анализирање на сите можни фактори што придонеле за промените во овие земји по однос на горенаведените индикатори, што може да биде предмет на понатамошни опсежни квалитативни и квантитативни анализи.

Comments are closed.