Повеќедимензионалните придобивки и ефекти од пристапувањето кон НАТО

Ова истражување има цел да ги утврди политичките и безбедносните придобивки на Република Македонија од нејзиното пристапување во НАТО. Следствено, овој труд се осврнува на процесите на пристапувањето во НАТО и предизвиците со кои се соочува земјата на внатрешен план и отпорот што го има на надворешен план.

Во овој контекст, фокусот е на разработка на повеќедимензионалните предности од членството во НАТО во врска со (1) безбедноста на границите и заштита на интегритетот и суверенитетот на Република Македонија; (2) главниот аргумент е дека ГПИ1 – Глобалниот мировен индекс на Р Македонија ќе се подобри, ќе дојде до намалување на меѓуетничките тензии и ќе има поголема кохезија помеѓу граѓаните; односно утврдува дека (3) зголемената соработка со структурите на НАТО може да доведе до подобро управување за време на кризни состојби, несреќи и спасување, (4) подобрена кибербезбедност, како и (5) лоцирање на негативните ефекти од пристапување во овој сојуз и проблемите што можат да се јават во геополитичката констелација во современите сојузи и дава препораки (6) како нашата земја може да ги одбегне тие негативни компликации. Преку процес на тестирање на конкурентните хипотези, каде што критички се разгледуваат кризните ситуации што можат да произлезат и од стапувањето во НАТО и од останувањето надвор од овој воен сојуз, овој труд заклучува (7) дека сè поизвесно е да се појават дестабилизирачки сили доколку останеме надвор од овој сојуз.

Comments are closed.