Социо-економски развој – Домашните наспроти странските инвестиции во Република Македонија: Политики за поддршка и нивните ефекти

Оваа анализа посебно ќе се фокусира на прашањето на нееднаков третман на странски и домашни инвеститори или, со други зборови, дискриминацијата на домашните инвеститори преку фаворизирање СДИ преку олеснувањата. Ова прашање, покрај тоа за мерење на ефектите од СДИ, е едно од најистакнатите прашања во јавната дебата. DOWNLOAD PDF

Социјална кохезија: Како до интегрирано образование во Република Македонија?

Целта на ова истражување е да се анализира што досега е постигнато во полето на меѓуетничкото интегрирање на учениците во образованието преку анализа на досегашните студии поврзани со оваа проблематика и преку директно теренско истражување со интервјуа реализирани со релевантни институции од централната и од локалната власт и невладините организации. DOWNLOAD PDF

Демократија и владеење на право – Како да профункционира системот на спреги и кочници во Република Македонија?

Целта на ова истражување е да посочи на функционирањето на системот на спреги и кочници во Република Македонија преку анализа на процесот на носење закони и функционирањето на постојните механизми на спреги и кочници во Собранието во периодот 2008-2015 година. Студијата се состои од деск-истражување и податоци од емпириско истражување (анкета), кои даваат преглед и [...]

Уметноста на преживувањето – Интерсекциски нееднаквости во социјалната заштита во Македонија

Овој труд известува за наодите од делот од истражувањето спроведено во Македонија. Тој е структуриран на следниот начин: прво - известуваме за методологијата и за методите што се употребени со цел да се спроведе истражувањето и за тоа како разбираме дел од термините што ги користиме често во нашата студија. Потоа, се фокусираме на наодите [...]

Кратка информација за применети политики „Што стои на крстопатот? Интерсекциските нееднаквости во социјалната заштита во Република Македонија“

Оваа кратка информација за применети политики ги резимира наодите од истражувачкиот проект „(Не) еднаквостите во социјалната заштита: Повеќеслојна анализа на интерсекционалноста при обезбедувањето на социјална заштита - компаративна студија“. Истражувачкиот проект беше спроведен во периодот август 2014 - јули 2015 од Институтот за европска политика - Скопје, Македонија и Центарот за општествени истражувања - Аналитика, [...]