Јулијана Караи e магистер по европски студии на Универзитетот во Болоња и е член на Собранието на ЕПИ. Има работено во Секретаријатот за европски прашања во областа на политичките критериуми, поконкретно, демократија и владеење на правото, реформа на јавната администрација, децентрализација и борба против корупцијата, како и во Министерството за информатичко општество и администрација.
Јулијана има сертификат за ТЕМПУС обучувач за европски прашања од Колеџот на Европа во Бриж, Белгија. Има работено како истражувач во регионалниот ИПА проект „Зајакнување на системите за национален интегритет во Западен Балкан и Турција и следење на развојот на антикорупциските напори”, била раководител на ИПА проектот „Граѓанско учество за локална демократија“ и консултант во рамките на Проектот на УНДП „Развој на иновативни решенија за подобар пристап до локалните услуги“.