Ардита Вејсели е истражувачка во Институтот за европска политика. Таа е магистерка по меѓународно право на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, а во моментов е во финална фаза на вторите магистерски студии по меѓународно право за човекови права на Универзитетот во Есекс во Обединетото Кралство, со Чевенинг стипендија. Ардита работи на различни проекти поврзани со човекови права, вклучително и спроведување теренски истражувања. Од ангажманот во ЕПИ во 2017 година, таа е активно вклучена во спроведувањето и организирањето на три Национални дебати според методот Deliberative Polling во Северна Македонија, организирани во соработка со универзитетот Стенфорд од САД. Таа е авторка и коавторка на неколку истражувања, и беше дел од втората генерација на проектот „EUth – Youth advocating in the EU” организиран од Civil Rights Defenders, што спроведуваше истражувања за правото на образование на младите сo попреченост, со кое има учествувано во неколку состаноци во Европски парламент. За време на нејзините магистерски студии на Универзитетот во Есекс беше активно вклучена во Единицата за дигитална верификација при Amnesty International. Ардита исто така беше членка на Младинскиот совет при Амбасадата на САД во Скопје.