Завршен настан од проектот „(Не)еднаквостите во социјалната заштита”

Мар 11, 2016

epiadmin

Настани

0

На 11 март 2016 година (петок) се одржа завршниот настан од проектот “(Не)еднаквостите во социјалната заштита: Интерсекциски нееднаквости во Македонија и Босна и Херцеговина”. Проектот е поддржан од Регионалната програма за поддршка на истражувањето во Западен Балкан, а го спроведовме во соработка со партнерската организација Аналитика-Центар за општествени истражувања од Босна и Херцеговина.

Целта на настанот беше да се презентираат наодите од истражувањето за интерсецкциските нееднаквости во социјалната заштита во Македонија и Босна и Херцеговина. Говорничките беа истражувачки од граѓанскиот сектор кои работеле на истражувања за генерирање знаења за различни аспекти на нееднаквостите во Македонија и пошироко – во Jугоисточна Европа, а кои биле поддржани од Регионалната програма за промоција на истражувањата (Regional Research Promotion Programme – RRPP), како и истражувачките од организациите-имплементаторки на проектот “(Не)еднаквостите во социјалната заштита” – ЕПИ и Аналитика.

 

 

Линк: http://epi.org.mk/galery_mk.php?galid=23

Post by epiadmin

Comments are closed.