[ЗАВРШЕН]ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ за подготовка на истражувања (кратки документи за јавна политика) и учество во јавна дебата во рамките на проектот „Граѓанска дебата за НАТО“

1. Општи информации

Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) во рамките на проектот „Граѓанска дебата за НАТО„ објавува повик за изработка на кратки документи за јавна политика за очекуваните ефектите од пристапувањето на Република Македонија во НАТО. Документите треба да вклучуваат препораки или опции за политики, а истите ќе бидат презентирани на јавна дебата. Во рамките на овој повик е предвидена поддршка на 2 (две) истражувања.

Општата цел на проектот е да се придонесе кон пристапувањето во НАТО алијансата преку дебата базирана на докази и аргументи, која ќе го подобри разбирањето кај граѓаните за членството на Република Македонија во НАТО. Истовремено, претставниците на релевантните институции задолжени за интеграција на Република Македонија во НАТО ќе имаат прилика да ги чујат мислењата и ставовите на јавноста, што ќе претставува значаен придонес во идното креирање на јавните политики во однос на ова прашање. Проектот е финансиран од Министерството за одбрана на Република Македонија.

2. Темa за истражувањата

Истражувачите треба да анализираат конкретни прашања и да понудат опции за јавна политикиво следнава тематска област: „Очекуваните ефекти од пристапувањето на Република Македонија во НАТО“.

Кандидатите треба преку истражувачки методи да го докажат нивниот став за тоа кои би биле придобивките или недостатоците за Република Македонија од пристапувањето во НАТО.

3. Јавна дебата

Избраните истражувачи ќе имаат обврска наодите од нивните кратки документи за јавна политика да ги претстават на јавна дебата, која ќе се одржи во декември 2018 година. Учесниците на јавната дебата ќе имаат можност да поставуваат прашања до истражувачите во однос на нивните истражувања и аргументите презентирани на дебатата.

4. Етички напомени

Истражувачите се обврзуваат коректно да ги наведуваат изворите на податоци во истражувањето. Во случаи на плагијаризам, ЕПИ ќе го раскине договорот со истражувачот/истражувачката и ќе бара поврат на средствата уплатени за истражувањето.

5. Спроведување на активностите

Грантовата шема има вкупен фонд од 61,490 денари. Максималниот износ кој може да биде доделен на еден истражувач е 30,745 денари. Истражувањата треба да бидат финализирани до 25.11.2018 година.

ЕПИ со истражувачите ќе потпише договор во кој ќе бидат дефинирани меѓусебните права и обврски.

Исплатата на грантовите ќе се врши на следниов начин:
100% од вкупниот износ ќе биде исплатен по доставување на финалната верзија од истражувањетo и јавната дебата.

Должината на кратките документи за јавна политика е предвидено да биде од 4000 зборови до 5000 зборови, без анекси и библиографија. ЕПИ ќе обезбеди поддршка на авторите во форма на менторирање, пристап кон извори за истражување, методолошка поддршка, подготовка за дебатата и слично.

Истражувањата ќе бидат предмет на анонимна рецензија, а истражувачите ќе имаат обврска да ги вклучат забелешките од рецензијата.

6. Временска рамка на активностите во проектот:

10 септември 2018 година Рок за доставување
14 септември 2018 година Известување за изборот на истражувачи
17 септември Потпишување на договорите со истражувачите
17 септември – 30 октомври 2018 година Предфинална верзија на истражувањето
1 ноември – 10 ноември 2018 година Анонимна рецензија
11 ноември – 25 ноември 2018 година Ревидирање и доставување на финални верзии
26 ноември – 30 ноември 2018 година Состанок за јавна дебата
Декември 2018 година Јавна дебата

 

7. Начин на пријавување и избор

Кандидатите за автори на истражувањата треба да достават:
а. пополнет формулар за пријавување (преземете овде);
в. кратка биографија.

Документите за пријавување ве молиме да ги доставите на емаил адресата [email protected] со назнака „Пријава за истражување за НАТО“ најдоцна до 10 септември 2018 година. ЕПИ ви стои на располагање за дополнителни прашања на горенаведената адреса, како и на телефонскиот број 02/3280100. Можете да ги најдете поставените прашања и одговори во врска со овој повик на линкот: http://bit.ly/2PF8qfj.

Изборот на авторите ќе го врши проектниот тим. Изборот ќе се врши врз основа на искуството и понудената методологија од страна на кандидатите за автори, при што ќе биде земена предвид и потребата од вклучување на спротивставени мислења во јавната дебата.

Линк до повикот: 1. Повик за истражувања за очекуваните ефекти од пристапувањето во НАТО
Линк до апликацијата: 2. Пријава за истражувачи за ефектите од пристапувањето во НАТО

Post by epiadmin

Comments are closed.