Мрежа 23

Демократија и владеење на правото: Мрежа 23

Проектот „Мрежа 23“ има за цел да го унапреди влијанието на граѓанските организации во процесот на пристапување во Европската унија преку активно вклучување во следењето и евалуацијата на политиките и спроведувањето на законодавството на ЕУ, со фокус на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Проектот нуди унапредување на капацитетите на граѓанските организации преку формирање иновативни мрежи и партнерства за постигнување поголемо влијание врз клучните реформски процеси во земјата. Со проектот се обезбедува вопоставување соработка помеѓу граѓански организации кој дејстуваат на централно и локално ниво и реализација на грантова шема за избрани организации.

Очекувани резултати од проектот Мрежа 23:
– Формирана функционална мрежа од граѓански организации за следење и евалуација на политиките од Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права,
– Зајакнати капацитетите на граѓанските организации за следење и евалуација на политиките од Поглавјето 23,
– Подготвени спефицични препораки за унапредување на политиките и
– Зголемено познавање на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права.

Проектните активности имаат за цел:
– Создавање структуирана координација помеѓу граѓанските организации за следење и евалуација на спроведувањето на законодавството од Поглавјето 23,
– Зајакнување на капацитетите на грѓанските организации за следење и евалуација на спроведувањето на политиките од Поглавјето 23 на локално и централно ниво,
– Влијание врз процесот на донесување одлуки преку координиран пристап на мрежата 23 и зголемување на јавната свест за значењето на Поглавјето 23 врз севкупниот процес на пристапување во ЕУ.
Проектот го спроведуваат: Институтот за европска политика – Скопје, како водечки партнер, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Центарот за управување со промени – како партнери. Придружни партнери се: Европскиот институт од Софија, Центарот за европска политика – Белград и Институтот Алтернатива од Подгорица.

Post by epiadmin

Comments are closed.