Национална дебата за ЕУ

Пристапување во ЕУ – следење и застапување: Национална дебата за ЕУ

Институтот за европска политика – ЕПИ (Скопје) во јули 2016 започна да го спроведува проектот „Национална дебата за ЕУ“. Овој проект е финансиран од програмата Цивика мобилитас и ќе се спроведува во времетраење од 18 месеци.

Во отсуство на национална дебата за Европската Унија, проектот ќе иницира инклузивен разговор со општествените чинители за процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ. Овој проект ќе понуди модел на консултирање и информирање на експертите и пошироката јавност со кој ќе се придонесе за надминување на хроничниот недостаток на консултации и дебата, како и создавање на подлога за дебата темелена на аргументи и докази во однос на прашања поврзани со ЕУ.

Проектот предвидува вклучување на експертската, но и пошироката јавност во иновативна дебатна анкета, со цел подобро разбирање на придобивките и загубите за Република Македонија од процесот на пристапување во ЕУ. Од проектот се очекува да се зголеми соработка помеѓу граѓанските организации и властите во делот на создавање на јавните политики, притоа имајќи ги предвид проблемите, потребите и приоритетите на граѓаните.

Post by epiadmin

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *