ЕПИНЕТ

Пристапување во ЕУ – следење и застапување: ЕПИНЕТ

Во периодот од февруари 2013 до април 2013 година, ЕПИ го спроведе проектот „Вградување на знаењето за ЕУ“, со поддршка на Британската амбасада во Република Македонија, со специфична цел – формирање неформална мрежа на млади стручни лица кои своите постдипломски и докторски студии, кои третираат теми поврзани со ЕУ, ги имаат завршено надвор од земјата.

ЕПИ успеа да создаде мрежа преку јавен повик во соработка со Британската амбасада, Амбасадата на кралството Холандија и Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Основачкиот настан на мрежата беше одржан во Берово од 22 до 24 февруари 2013 година. На настанот беа поставени целите на проектот и визијата и мисијата на мрежата. Во текот на проектот беа одржани три дополнителни настани за вмрежување на членовите на мрежата.

Еден од резултатите на проектот беше публикувањето на 19 документи за јавна политика за тековни теми од процесот на пристапување на Република Македонија.

Вкупно 33 членови на мрежата учествуваа во оваа активност.

http://epi.org.mk/docs/executive_summary_epinet_collection_of_policy_papers.pdf

http://epi.org.mk/docs/epinet_-_zbirka_na_dokumenti_za_javna_politika(1).pdf

На 23 април беше одржана конференција во Скопје на која беа претставени документите за јавна политика, што воедно предизвика широк медиумски интерес. На конференцијата присуствуваа заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, и амбасадорот на Обединетото Кралство. На настанот беше претставена првата анализа за недостигот на експертиза за одредени прашања за ЕУ во Република Македонија (линк до галерија).

http://epi.org.mk/docs/analiza_na_raspolozliva_eu_ekspertiza_vo_rm.pdf

Post by epiadmin

Comments are closed.