Граѓаните сметаат дека членството во ЕУ ќе ја подобри демократијата и економијата во Македонија

Фев 05, 2018

epiadmin

Новости

0

 

Институтот за европска политика – Скопје денеска на прес-конференција ги презентираше податоците од ставовите на граѓаните од дебатната анкета „Граѓаните прашуваат: како и зошто во ЕУ“, која се фокусираше на придобивките и предизвиците од пристапувањето на Македонија кон ЕУ.

Дел од темите ги вклучуваат општите ставови за ЕУ, демократските и економските придобивки и предизвици, како и ставовите на граѓаните околу проблемот со името.

Во прилог се основните прашања во однос на перцепциите за Европската Унија и потребните реформи. Останатите податоци можете да ги најдете во краткиот извештај.

Заклучоци

Евидентна е промената на перцепциите на граѓаните по националната дебата за ЕУ. Голем дел од граѓаните сметаат дека членството на државата во ЕУ е многу важно, особено во делот на демократските и економските реформи. Од друга страна, многу мал број на граѓани сметаат дека Македонија ги исполнува демократските критериуми за влез во ЕУ. Oгромен број од нив се за итни реформи во делот на владеењето на правото, судството, администрацијата и медиумите.

Името претставува горливо прашање кое сериозно влијае врз перцепциите за ЕУ. Сепак, значителен број на граѓани би прифатиле промена на уставното име на државата доколку се гарантирани македонскиот јазик и идентититетот.

За методот:

Дебатната анкета (Deliberative Polling®) е уникатна форма на политички консултации која ги комбинира техниките на испитување на јавното мислење и јавната расправа. Таа цели да претстави како би изгледало јавното мислење на одредена тема, доколку граѓаните би имале можност повеќе да се запознаат со темата. Дебатната анкета ги прикажува преференците и мислењата на граѓаните и пред и по детално запознавање со темата.

Институтот за европска политика ја спроведе оваа методологија, во блиска соработка со Универзитетот Стенфорд од САД, во рамките на проектот „Национална дебата за ЕУ“. Проектот е финансиран од Цивика мобилитас.

Инфографик

Краток извештај од дебатната анкета (4 страни)
МК: http://epi.org.mk/docs/Rezime_debatna%20anketa_MK.pdf
AL: http://epi.org.mk/docs/Rezime_debatna%20anketa_AL.pdf
EN: http://epi.org.mk/docs/Rezime_debatna%20anketa_EN.pdf

Целосни податоци од дебатната анкета
МК: http://epi.org.mk/docs/Celosni%20rezultati_debatna%20anketa.pdf

Инфографик
МК: http://epi.org.mk/docs/Infografik_debatna%20anketa.pdf

Post by epiadmin

Comments are closed.