Европскиот парламент повика на вклучување на земјите-кандидатки за членство на конеференцијата „Иднината на Европа“

Европскиот парламент на својата веб страница ја објави предлог резолуцијата за ставот на парламент за конференцијата „Иднината на Европа“. Во сегментот „Организација, состав и управување со процесот на конференцијата“, парламентот посочи дека конференцијата треба да најде начин за вклучување на претставниците на земјите-кандидатки за ЕУ во дискусиите за иднината на Европа.

За ваков формат на дијалог повикаа Франција и Германија во заедничкиот нон-пејпер, а истата беше најавена и во Агендата за Европа на новата претседателка на Европсаката комисија, Урсула вон дер Лејен.

Со предлог резолуцијата, Европскиот парламент за прв пат даде јасна слика за целите, форматот и темите кои ќе бидат опфатени во рамките на конференцијата. Парламентот ја потврди потребата за постоење на отворена платформа која ќе ги собере граѓаните, со значајна улога за младите, граѓанското општество и европските институции како еднакви партнери кои ќе имаат дирекна можност да влијаат на утврдување на приоритетите на политиките на ЕУ.

Согласно предложената временска рамка, во нон-пејпејот на Франција и Германија, концепт на конференција и институционалниот мандат треба да се финализира до крајот на јануари, а форматот и целите на конференијата ќе бидат договорени меѓу Собранието, Советот и Комисијата.