Форум Еуропеум 2024: Инструменти за владеење на правото во контекст на пристапувањето во ЕУ

На 12 јули 2024 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) ја одржа годишната конференција Форум Еуропеум 2024 – Инструменти за владеење на правото во контекст на пристапувањето во ЕУ. На конференцијата присуствуваа експерти од различни области, како креатори на политики, претставници на дипломатски претставништва и претставници од граѓански организации. Основната цел на конференцијата беше да поттикне дискусија за состојбата на владеењето на правото во земјите-членки на ЕУ и земјите кандидатки, како и предностите и недостатоците на механизмот на условеност во поглед на владеењето на правото и оддржување и унапредување на европските вредности.

Учесниците развија дебата, во која ги искажаа различните мислења и ставови, нагласувајќи ја важноста на владеењето на правото не само како значајно поглавје во пристапните преговори на земјите кандидатки, туку и за земјите-членки на ЕУ. На конференцијата беа дискутирани различните состојби на владеењето на правото во различни земји како Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Србија како земји кои имаат аспирации да станат членки на европското семејство. Беше спомената и состојбата на владеењето на правото во Хрватска заедно со потешкотиите со кои се соочува на ова поле како земја-членка на ЕУ.

Настанот се организираше во рамки на проектот “Градиме мостови за заедничка иднина: Владеење на правото во насока на пристапувањето во ЕУ”, кој го спроведува ЕПИ. Финансиран од ЕУ, проектот има за цел да обезбеди контиунирана комуникација помеѓу земјите кандидатки и ЕУ во поглед на примената на инструментите за владеење на правото во контекст на пристапувањето во ЕУ.

Comments are closed.