Има напредок, но не е доволен: Директивата на ЕУ за борба против насилството врз жените и семејното насилство
На почетокот на месец мај беше усвоена Директивата на ЕУ за борба против насилството врз жените и семејното насилство. Таа претставува важен чекор напред во справувањето со сеприсутното прашање за родово-заснованото насилство во рамките на Европската Унија. Овој документ ги разгледува клучните аспекти на оваа Директива, контекстот што ја опкружува, нејзината важност и нејзините недостатоци.