ПОВИК за доделување мали грантови на граѓански организации „Човековите права во практиката“
Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје распишува повик за доделување на мали грантови на граѓански организации во рамките на проектот „Заедничка акција за човекови права“, финансиран од Европската Унија. Тематски, повикот за мали грантови се однесува на конкретни приоритетни области од последниот Универзален периодичен преглед (УПП) за Република Северна Македонија.
Шемата за мали грантови „Човековите права во практиката“ има предвидено вкупен износ од 59.500 евра, со цел да поддржи 6 до 8 грантови, во вредност од 6.000 до 10.000 евра. Времетраењето на доделените грантови треба да биде помеѓу 6 и 12 месеци имплементирани во текот на вториот и третиот проектен семестар.
Повикот за мали грантови е отворен до 31 мај 2023 година.
Повикот и целокупната документација се достапни за преземање:
На 8 мај, ЕПИ одржа инфо сесија со заинтересираните организации и граѓани за повикот за доделување на мали грантови на граѓанските организации. Сите поставени прашања на инфо-сесијата, како и сите поставени прашања на маил адресата на повикот до предвидениот рок од 12 мај се достапни на линкот подолу.