Анализа на областа управување со јавни финансии: Јавни набавки во Министерството за финансии
Спроведувањето на јавните набавки од Министерството за финансии на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: Министерство за финансии) е во согласност со основните начела на еднаков третман, недискриминација, пропорционалност и транспарентност. Притоа, се констатира дека при спроведување на планираните постапки за јавни набавки се обезбедува ефикасно користење на јавните средства со користење на модерните техники и методи за јавните набавки преку националниот систем за е-набавки.
Министерството за финансии и во 2021 и во 2022 година објавило планови за јавни набавки. Во 2021 година го измениле или го дополниле планот трипати, а заклучно со 30 април 2022 година планот за 2022 година не е изменет.