За правда – граѓански придонес за унапредување на правосудството

Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), го координира проектот „За правда – граѓански придонес за унапредување на правосудството“, кој се спроведува со партнерските организации од Блупринт групата.

 

Главна цел на проектот е зголемување на влијанието на граѓанските организации во процесот на реформи во правосудството како предуслов за заштита на човековите права и обезбедување социјална правда.

 

Специфични цели:

  1. Зајакнување на процесот на следење на спроведувањето на Стратегијата за реформа на првосудниот сектор (2017-2022) со фокус на нејзиното влијание врз заштитата на човековите права и обезбедувањето социјална правда, како и придонес во подготовката на идната Стратегијата за правосудниот сектор.
  2. Унапредување на партиципативното креирање политики во областа на правосудството со користење на меѓу-секторски пристап и соработка со тематски мрежи и други граѓански организации.
  3. Зајакнување на активностите за застапување засновано на докази во областа на правосудството од страна на граѓанските организации.

 

Очекувани резултати:

Р.1 Објективна и сеопфатна оценка на процесот на реформи во правосудството и неговото влијание врз човековите права и социјалната правда

Р.2 Зајакната соработка помеѓу граѓанските организации и тематски мрежи која овозможува идентификување и артикулирање на нивните потреби и барања во процесот на реформи во  правосудството

Р.3 Граѓанските организации применуваат застапување засновано на докази и се вклучени во клучните реформски процеси кои се однесуваат на правосудството

 

Времетраење на проектот: 01.06.2022 – 31.12.2022

 

Буџет: 44997 УСД

 

Донатор: Фондација Отворено Општество – Македонија

Comments are closed.