Отчетност- суштински предуслов за јавните власти
Отчетноста е предуслов за јавните власти, а со цел истите да се земат на одговорност за резултатите или за непостигнување резултати при работењето со ресурсите кои им се доверени, како дел од нивните надлежности/делокруг на работење. Начелото на отчетност обезбедува активностите и одлуките на носителите на јавни функции да бидат предмет на контрола, што пак од своја страна обезбедува инцијативите на Владата да ги постигнат предвидените цели и да ги задоволат потребите на граѓаните, во чија служба всушност и се. Во општа смисла, отеченоста настанува кога под надзор се ставаат резултатите од работењето на Владата или по барање на други лица или организации Владата да даде информации со кои се оправдуваат нејзините активности.