Улогата и потенцијалот на ДЗР за подобрување на транспарентноста, отчетноста и ефикасноста на институциите

Од аспект на јавната администрација, како што е утврдено и во начелата на СИГМА, од исклучителна важност е Државниот завод за ревизија (ДЗР) да ги применува стандардите на неутрален и објективен начин за да обезбеди висококвалитетни ревизии, кои последователно позитивно ќе влијаат на функционирањето на јавниот сектор. Документите во кои се прикажуваат резултатите од ревизиите треба да бидат водени од три принципи, односно да целат кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и интегритетот на владата и субјектите од јавниот сектор (заштита на јавниот интерес); да демонстрираат важност за граѓаните, Парламентот и другите засегнати страни; и да прикажат како е тоа да се води по пример.

Comments are closed.