Јавна служба и управување со човечки ресурси: Недостатоци поврзани со вработување во администрацијата и пристап кон позициите на виши раководни државни службеници според начелото на заснованост на заслуги
Вообичаено, развиените демократии може да се пофалат со професионална, во најголема мерка аполитична јавна служба, која е прифатена како суштински елемент за добро јавно управување. Нејзината работа се фокусира врз заштита на јавниот интерес. Оттука, современата администрација мора да се раководи според конкретни кодифицирани правила, кои ги дефинираат стандардите и постапките, кои од своја страна ја одржуваат јавната служба заснована на заслуги и аполитична, а истовремено обезбедуваат интегритет и отчетност на државните службеници, како и достаточна сигурност на нивните работни места, а со цел истите да бидат заштитени од полички мотивирано отпуштање од работа.
Овој краток документ за политиката во оваа област се фокусира врз недостатоците на законите, коишто ја регулираат јавната служба во однос на постапката за вработување според начелото на заснованост на заслуги и во однос на критериумите за пристап кон позициите на виши раководни државни службеници, нудејќи исто така конкретни решенија за надминување на ваквите недостатоци, кои опстојуваат веќе подолг период.