[Отворен повик] ЕПИ има потреба од волонтер/ка
Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје има потреба од ангажман на еден волонтер/волонтерка во рамки на проектот „WeBER 2.0 Зајакнување на граѓанското општество од Западен Балкан за реформирана јавна администрација, финансиран од Европската Унија.
Се работи за ангажман поврзан со платформата https://www.sledimereformi.mk/, во рамките на онлајн кампањата за граѓани. Платформата е креирана со цел граѓаните да споделуваат искуства поврзани со нивниот контакт со јавната администрација, односно да го искажат своето мислење/(не)задоволство во врска со процесот на обезбедување услуги од администрацијата.
Ангажманот се состои од комуникација со граѓани на пултовите за обезбедување услуги и внесување на нивните искуства на платформата.
Времетраењето на ангажманот е предвидено за 2 месеци, со можност за продолжување.
Компензацијата се врши согласно Законот за волонтери.
Како услови за волонтирање ЕПИ го наведува следново:
- Солидно познавање на Microsoft Office;
- Способност за работа и функционирање во тим.
ЕПИ на своите волонтери им нуди стимулирачка средина за надградување на нивните знаења за европските прашања и спроведување на ЕУ проекти преку нивно вклучување во сите активности на Институтот и менторство во текот на нивното волонтерство.
Преку овој проект волонтерот/волонтерката ќе стекне знаење за стандардите на ЕУ во делот на реформата на јавната администрација.
Аплицирајте со испраќање на резиме (CV) и мотивационо писмо на следната електронска адреса: [email protected] Во насловот на електронската порака задолжително е да се наведе ЕПИ_оглас_за_волонтер_(Име и презиме).
Пријавувањето е отворено до 22.12.2021 година.